ВИДЕО| Судири во Амстердам, полициски кучиња ги нападнаа демонстрантите

1 min read

Интервентната полиција е опремена со пендреци и штитови растера во неделата неколку илјади демонстранти кои се собраа во Амстердам на протест против епидемиолошките мерки и вакцинацијата против коронавирус. На социјалните мрежи кружат драматични видеа и слики од овој собир. Корисниците најмногу ги вознемири видеото на кое се гледа како полициско куче напаѓа демонстрант.

Градоначалничката Фемке Халсема издаде наредба до полицијата да го исчисти централниот „плоштад на Музејите“ откако демонстрантите ја прекршија забраната за јавни собири.

 

Демонстрантите, кои главно не носеа маски и се држеа на дистанца, ја игнорираа забраната за одржување митинзи на главниот плоштад. Хаотични сцени се случија на улиците на главниот град на Холандија, кога полицијата се обиде да ги растера демонстрантите, пренесува Јутарњи лист.

Полицијата ги тепаше демонстрантите со палки, на што демонстрантите одговориле со тупаници, но и со транспаренти.

На социјалните мрежи се појавија бројни видеа и фотографии од местото на настанот, а најдраматично е видеото на кое се гледа како полициско куче го напаѓа демонстрантот и го гризе.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

24 милиони денари за унапредување на спортот предвидува Град Скопје за 2022 година

Следно

Општина Битола издвојува 14,7 милиони денари за проекти од областа на културата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian