Авганистански разузнавачки офицери истурија во одводен канал во Кабул 3.000 литри запленети алкохолни пијалоци, демонстрирајќи ја решеноста на талибанските власти целосно да спречат производство и конзумирање алкохол, согласно шеријатските закони.
Генералниот директорат за разузнавање објави снимка како агенти од огромни кофи и буриња истураат алкохол запленет при рации во главниот град на Авганистан.
கால்வாயில் ஊற்றப்பட்ட 3000 லிட்டர் மதுபானம்- தாலிபான்கள் அதிரடி!#Talibans #taliban #Afghanistan #alcohol #newlawinafghanistan #talibanissue #NewsTN pic.twitter.com/dEjBBCTQ2t
— NEWS TN (@newstnofficial) January 3, 2022
– Муслиманите мораат сериозно да се воздржат од производство и доставување алкохол – порачува верско лице на снимката.
Директоратот објави дека при рациите биле приведени тројца „дилери“, но не прецизираше кога биле спроведени рациите ниту кога бил истуран алкохолот.
И претходните авганистански власти, кои важеа за полиберални и „прозападни“, забрануваа продажба и конзумирање алкохолни пијалоци. Талибанците само построго ја спроведуваат забраната и ја заострија прохибицијата.