Трансфер бомба во најава: Салах на лето си оди од Ливерпул?!

1 min read

Мохамед Салах по завршување на сезоната би можел да го напушти Ливерпул и да се пресели во ПСЖ.
Причина за ваквото пишување на дел од англиските медиуми е бидејќи Ливерпул и претставниците на Салах не можат да најдат заеднички јазик за новиот договор.

„Црвените“ пред Нова година му понудија нов договор на Салх кој ќе му носи 500.000 евра неделна плата, но претставниците на египетскиот репрезентативец бараат најмалку 650.000 евра неделно.

Оваа сума е премногу за газдите на Ливерпул кои немаат намера да му ја исполнат оваа желба на Салах и се поизвесна е разделба на крајот од сезоната. Актуелниот договор на Салах со Ливерпул е до 2023 година, а бидејќи на лето ќе влезе во последната година од договори, англискиот тим планира да заработи на него и да стави на трансфер листата.

Најзагреан за Салах е ПСЖ чија управа смета дека тој би бил идеална замена за Килијан Мбапе кој најверојатно ќе се пресели во реал Мадрид.

Како можна замена за Салах доколку одлучи да си замине од „Енфилд“ се споменува Осман Дембеле од Барселона.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Да не даваме „импровизирани изјави за Македонија“, порача потпретседателот на Бугарскиот парламент

Следно

Семејната драма продолжува: Таткото на Матеј потврдува дека синот е на снимките и верува дека е жив

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian