Слави Трифонов со идеја: Прво Бугарија во Шенген и без визи во САД, па потоа деблокада на Македонија

2 mins read

Лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов на својот Фејсбук профил им се обрати на САД ако толку „инсистираат на членство на Македонија во ЕУ“, треба прво да ја стават Бугарија на листата земји чии граѓани без визи ќе може да патуваат на нивна територија, па Бугарија да стане полноправна членка на шенген зоната на Европската унија, за дури тогаш, Северна Македонија да стане членка на ЕУ, пишува БГНЕС.

„Бидејќи Американците толку многу сакаат Северна Македонија да е во Европската Унија, нека им овозможат на граѓаните на Бугарија, како и на граѓаните на повеќето земји во Европската Унија, да не им требаат визи за да одат во Америка. Односно, ние сме полноправна членка на ЕУ и бугарските граѓани, бидејќи се Европејци, треба да не им требаат визи за да одат во Америка.

Тој вели дека штом САД и ЕУ бараат од Бугарија да биде лојален партнер, тие тоа ќе го направат, но според него, лојалноста е двонасочна.

Под овие услови, и доколку Македонците, извинете – Северномакедонците, ги исполнат нашите услови потпишани во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија, можеме да го започнеме преговарачкиот процес за прием на Северна Македонија во Европската Унија, вели Трифонов.

Претходно тој објасни дека на 200 илјади бугарски војници загинале за слободата и обединувањето на Македонија. Вели дека кога бил во Скопје начекал транспарент испишан со спреј на кој пишувало „Бугари, умрете!“

„Стоев пред овој знак половина час. Го погледнав и си помислив – зошто луѓе, што ви направивме за да чувствувате таква омраза? Зарем спротивното не треба да биде чисто историско и емотивно? Стотици илјади од вас имаат бугарски пасоши, нели?, ијави Трифонов.

Трифоно изјави дека за да се добие бугарски пасош, мора да се докажат бугарските корени. Според него, тие што имаат бугарски пасоши во Македонија, самите „сакаат да бидат мртви, бидејќи тие се Бугари“.

Во вашите учебници по историја пишува дека Бугарите се фашисти. Значи, вие самите сте фашисти, вели Трифонов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Столтенберг ги повика лидерите од Западен Балкан да се посветат на реформите

Следно

Инфантино не се откажува од идејата СП да се игра на секои две години: Економскиот ефект ќе биде позитивен за сите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian