Само во декември преку „Лајка“ вдомени 45 кучиња

1 min read

Само во декември 2021 година од прифатилиштето на јавното претпријатие „Лајка“ биле вдомени 45 кучиња, што според надлежните е најуспешниот месец во текот на изминатата година.

Она на што се особено горди од ова претпријатие е што изминатата година биле вдомени вкупно 200 кучиња и секое од нив е на вистинското место.

-Благодарност до граѓаните кои имаат досега вдомено куче од Лајка, како и до активистите и здруженијата за заштита на животни кои заедно со нас придонесоа во процесот на вдомување и во зголемување на бројката на вдомени кучиња како во нашата држава, така и во странство- нагласуваат од претпријатието.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Сакате полн паричник во 2022? Еве што треба да направите за да привлечете пари и успех!

Следно

ВИДЕО: Снежно невреме го парализираше Вашингтон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian