Сакате полн паричник во 2022? Еве што треба да направите за да привлечете пари и успех!

2 mins read

Уреден паричник е предуслов за привлекување што повеќе пари, но освен тоа, можете да направите и мали фенг шуи трикови со кои се верува, можете да ја зголемите вашата финансиска моќ.

Како?

Според фенг шуи, паричникот треба да ви биде уреден, за енергијата да биде поволна. Сите непотребни визит картички, ливчиња, работи што ви се собираат во преградите, треба да ги „ослободите“, а да оставите место за пари кои треба да дојдат до вас.

Среќна банкнота

Тоа може да биде банкнота што сте ја добиле од омилениот пријател, или некој кој ви го подарил паричникот. Валутата може да е од некое патување, или едноставно спомен. Исто така може да биде прва пара која ќе ја вложите во вашето штедење, како симбол за подобрување на финансиите. Важно е да има посебна вредност и да асоцира на нешто позитивно.

Детелина со четири листови

За оваа амалија сите знаеме каква моќ привлекува, особено ако ја пронајдете случајно на некоја ливада. Во паричникот може да чувате ваква скапоцена амалија доколку сте си нашле детелина, или ако ви ја подарил некој драг. Важно е да ја пресувате и да ја спакувате во малечка зип ќесичка за да си ја чувате како талисман и да не ви се изрони.

Кинески фенг шуи парички

Овие ситни парички се наракуваат уште И-Чинг парички, а за да „делуваат“ потребно е група од  парички да ви бидат закачени со црвен коноп или конец – значи 3, 6 или 9. Тие се сметаат за амалија за среќа и општа благосостојба. Многумина ги закачуваат и во автомобил, низ домаот, а се носат и во паричникот.

Трк сега да најдете стара банкнота, детелина со четири лисја и кинески парички!

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Доколку не се вакцинира, Ѓоковиќ ќе може да настапи само на еден гран слем турнир

Следно

Само во декември преку „Лајка“ вдомени 45 кучиња

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian