Редици во Грција за тестирање за Ковид-19

2 mins read

Огромни редици веќе трет ден има пред болниците и здравствените центри во повеќе делови на Грција, од граѓани кои чекаат да се тестираат за Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Дел од граѓаните се со симптоми или веќе имаат позитивен резултат од селф тестот, односно тестот за домашна употреба и чекаат да се тестираат со рапид или ПЦР, додека пак други сакаат да се проверат бидејќи имале контакт со потврден случај.

Редици освен во Атина, има и во Солун, но и во други градови, а граѓаните, ја користат можноста за бесплатно тестирање, не само во државните болници, туку и на местата каде што се мобилните единици на Националната организација за јавно здравје на Грција, кои тестираат со брзи тестови.

Тестирања се вршат и во аптеките, каде што цената на рапид тестот е најмногу десет евра, додека пак во приватните дијагностички центри, ПЦР тестот е 60 евра.

Алтернативната министерка за здравство на Грција Мина Гага, објасни дека за добивање потврда за прележан Ковид-19 вакцинираните не мора да се тестираат и со ПЦР, туку доволен е позитивен резултат на рапид тест.

Од минатата седмица, во Грција има драстично зголемување на новозаразените и брзо ширење на вирусот со над 170.000 нови случаи за само шест дена.

Вчера, беа регистрирани 17.633 заразени од 78.679 тестови, односно стапката на позитивност е околу 22 отсто.

За време на празниците, Грците добија по два бесплатни селф тестови за самите да се тестираат во домашни услови за дополнително да се спречи ширењето на вирусот.

извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Инфантино не се откажува од идејата СП да се игра на секои две години: Економскиот ефект ќе биде позитивен за сите

Следно

ФОТО | Луда диско забава: Џеф Безос ја прослави новата година со стил!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian