Една жена освоила повеќе од 200.000 евра за Нова година во казино во францускиот град Сен Мало, откако ставила 80 центи во автомат.
„Станува збор за четириесетгодишна почетничка во коцкање и автомати за игри на среќа, која била придружувана од нејзината мајка. Таа освоила 209.715,20 евра и тоа е втор најголем џекпот од воведувањето на автоматите за игри на среќа пред 30 години“, велат од казиното.
Од казиното објавија и дека добитничката била изненадена, а уплатата ја чекала пиејќи шампањ.
Во 2011 година во истото казино играч освоил 425.000 евра вложувајќи 60 центи.
ИЗВОР: lokalno.mk