Нови снимки треба да откријат каде е Матеј: Дали трчаше по такси па влезе да плива во Сава

1 min read

По критиките на социјалните мрежи дека снимки од безбедносни камери се појавуваат за се и сешто, често и за банални прекршоци на поединци, во медиумите се појави видео од исчезнатиот Хрват во Белград Матеј Периш кого го снема на 30. декември околу 2.30 часот откако излегол од клубот Готик во Бетон халата.

На првата снимка која ја објави Ало се гледа маж кој одговара на описот на исчезнатиот Матеј како трча од клубот, а потоа е снимен покрај Белград на вода исто така како трча.

Потоа снимката покажува како мажот, но со поинакви патики трча по лице облечено во бело, но во спротивна насока.

Следниот дел од снимката го покажува како трча кон Бетон халата, потоа преку улица во обид да запре такси.

Потоа снимката покажува маж како се симнува по скалите кои водат кон реката, и потоа како плива во Сава.

https://www.slobodenpecat.mk/videodve-verzii-za-izcheznuvanjeto-na-splikjanecot-mateja-vo-belgrad/

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Снежно невреме го парализираше Вашингтон

Следно

Актерката Џоан Колинс откри шокантни детали: Првиот сопруг ме дрогираше и силуваше на првиот состанок, се омажив од срам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian