Фудбалерите на Вулверхемптон во последниот натпревар од 21 коло од Премиер лигата приредија изненадување победувајќи го Манчестер јунајтед како гостин со 0:1.
Фудбалерите на Вулверхемптон на „Олд трафорд“ прикажаа храбра и добра игра, имаа 19 шута кон голот на Де Хеа, од кои шест во рамките на голот, додека играчите на Јунајтед шутнаа само осум пати, и на крајот беа наградени за тоа.
Одлучувачкиот гол беше постигнат во 82 минута од натпреварот, а стрелец беше Жоао Мутињо.
Со победата, Вулверхемптон се искачи на осмото место на табелата со 28 бода, додека Јунајтед е седми со 31 освоен бод.