На десет дена до стартот на Европското првенство кое ќе се игра во Унгарија и Словачка, противниците на ракометната репрезентација на Македонија имаат проблеми со коронавирусот.
Голманот на Магдебург и на данската репрезентација, Јаник Грин, кој е селектиран за настап на ЕПм е позитивен на коронавирус. Засега нема информации дали неговиот настап на ЕП е доведен во прашањето.
Во проблеми се наоѓа и првиот противник на Македонија на ЕП, селекцијата на Словенија каде исто така е регистриран позитивен ракометар на ковид—19. Станува збор за голманот Урбан Лесјак.
„По првите два позитивни антиген тестови, Лесјак замина во самоизолација. ПЦР тестирањето само го потврди позитивниот резултат“, објави ракометната федерација на Словенија.