Инфантино не се откажува од идејата СП да се игра на секои две години: Економскиот ефект ќе биде позитивен за сите

1 min read

Светската фудбалска федерација (ФИФА) и покрај критиките кои пристигнуваат од се повеќе страни, не се откажува од идејата Светските првенства да се играат на секои две години, наместо на секои четири како што е досега.

– Да се игра СП на секои две години не е мое барање, Конгресот бараше да се направи студија на оправданост. Направивме сериозна студија, од спортски аскепкт се функционира, а економскиот ефект ќе биде позитивен за сите – изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино кој вели дека најголеми противници се европските федерации.

– Во Европа постои силна опозиција. Во Италија, Шпанија и Англија се живее Светското првенство секоја недела со најдобрите фудбалери на светот, но на остатокот од планетата тоа не постои.

Првиот човек на ФИФА истакна дека студијата ја побарале 166 земји членки.
– Претпоставките мора да бидат јасни, 88 отсто од земјите, дури и поголем дел европски побараа да се направи студијата. Направивме сериозна студија која покажува дека од спортска гледна точка се би функционирало, ќе има помалку натпревари, но повеќе од нив ќе бидат важни. Многу земји во светот немаат среќа на играат на СП бидејќи на него има само 32 од 211 земји. Кога пред 100 години беше одлучено да се игра СП на секои четири години, фудбал се играло во 40 земји, а денеска ги има повеќе од 200 и тоа мора да се земе в предвид – вели Инфантино.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Слави Трифонов со идеја: Прво Бугарија во Шенген и без визи во САД, па потоа деблокада на Македонија

Следно

Редици во Грција за тестирање за Ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian