Гордана Здравковиќ за животот со Тома: „Не сакав да го менувам, мислев дека треба да живее најдобро што може секој ден“

3 mins read

Филмот „Тома“, кој за новогодишниот викенд можеше да се погледне и на македонската телевизија, ја донесе приказната за животот на легендарниот боем Тома Здравковиќ, но во преден план донесе и многу луѓе од неговото опкружување.

Еден од ликовите кои привлекоа големо внимание е секако неговата сопруга Гордана со која ги поминал последните 18 години од животот.

Гоца со години живеела во Торонто и таму го запознала познатиот пејач. Таа немала поим како ќе се одвива нивното запознавање.

Гордана претпоставува дека нејзиниот сопруг бил заљубен во Силвана Арменулиќ, но тој никогаш никому не кажал. Или, барем, никој не признал дека Тома зборувал за тоа.

Во филмот, Тома наводно паѓа на колена и е целосно изненаден во моментот кога дознава за веста дека Силвана починала.

Гоца откри кој му го кажал тоа и како навистина реагирал.

„Кога таа почина, тој беше очаен. Се сеќавам дека тоа ни го кажа Лепа Лукиќ. Никогаш не сум го видела таков, толку тажен…“, признала Гордана.

„Тој не можеше да разбере дека ја нема. Имаа една специфична врска, во секој случај беше прашање на емоции“, рече таа.

„Животот со Тома не беше лесен, но не беше ниту тежок. На почетокот беше многу збунувачки. Имав 25 години кога се запознавме, а тој беше 12 години постар. Тој беше оформена личност и морав да го прифатам тоа. Не сакав да го менувам. Морав да се вклопам во неговиот живот.Тој беше човек кој зборуваше многу малку, морав да најдам решение и да откријам што му се допаѓа, а што не“, изјави Гордана, цитирана од српските медиуми.

„Ќе ми речеше: „Не чекај да завршиш нешто за да живееш, живеј го секој момент!“, се присети вдовицата на Тома.

„Тој имаше три брака пред мене и не можеше да поднесе да му кажуваат што може и што не може да прави. Беше импулсивен, кога сака нешто – мораше да го направи тоа. Во мене најде жена која може да го разбере. Мислев дека треба да живее најдобро што може секој ден, бидејќи кога се запознавме, тој веќе беше болен. Никогаш за ништо не го обвинував, го следев во се. Многу ги сакаше луѓето, ја напиша песната „Би сакал да ги прегрнам сите несреќници на овој свет“. Можеше и да се заљуби покрај мене. Му велев: Ако имаш некоја мака, ако си се заљубил, да го решиме проблемот“.

„Никогаш не го прашав зошто ги троши парите, каде е, што прави. Тоа би било товар за него. Еднаш ми рече: „Ќе ме прашаш каде бев три дена? А јас му велев „Дали убаво си помина?“ Тој врати: „Да“, а јас: „Важно, убаво ти било“, раскажа Гордана како изгледал нивниот заеднички живот.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

ФОТО | Хали Бери по љубовните бродоломи, го изговори судбоносното „да“: Официјално сум мажена!

Следно

Џаред Лето за роденден покажа извајано торзо и ги маѓепса обожавателите: „Како е можно да имаш 50 години“? (ФОТО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian