ГАЛЕРИЈА | Запознајте се со скопска „Матра“: За промена ти треба „желудник“

9 mins read

Периодов сè почесто среќаваме нови лица во нашиот етер, секој од нив со својата приказна – слушаме нови звуци, сведочиме за нови стилови, учиме нови поими, се инспирираме од нови креации, влегуваме во нови, возбудливи светови обоени во автентичност, кои поттикнуваат промена кон подобро утро. Се чини дека целиот „микс“ на измешани пандемиски чувства вроди вреден плод кај многумина млади луѓе, кои буквално одлучија да ги преземат работите во свои раце, па така, сè почесто дознаваме за нови, мали бизниси „зачнати“ од млади, храбри луѓе што целат на квалитет, а не квантитет.

Денеска ве запознаваме со едно такво скопско креативно дуо. Како концепт, создадено е летово, а реализацијата отелотворена во „Матра“ се случила оваа есен. Инспирацијата се црпи од насекаде, но примарно од духот на градот, секојдневието, етноисторијата, меланхолијата на архитектурата и желбата за модерна прогресија во нашиот простор на живеење, велат нашите денешни соговорници.

Аника Иловска / Фото: @frozentimedrops

Креаторите на „Матра“, Аника Иловска и А.П., се млади естети кои транспонираат различни ернергии и финеси, но преку соединувањето на нивната севозможност проникнува кохезија, која може да се окарактеризира како нивното најмоќно тајно оружје. Откако го забележавме нивниот автентичен пробив во сајбер-сферата, решивме да го посетиме креативното студио каде што тие творат, со цел да дознаеме нешто повеќе за духот и целта на „Матра“, маркетинг консултинг студио што нуди мултидисциплинарни услуги.

„Матра“ студио / Фото: @frozentimedrops

Што е „Матра“ и кој е темелот на вашата дејност? Што може „Матра“ да му понуди на нашето општество?

Аника: Матра е креативен простор што овозможува креативни маркетинг услуги од повеќе видови: „brand identity“ (бренд идентитет), „concept development“ (развој на концепти), „product design development“ (развој на дизајн) , фотографија, видеографија, дизајн на лого, уметнички колаборации и ивент менаџмент. Автентичен пристап од различна гледна точка на естетиката за потребите на клиентот, темелена на „tailor-made“ (по мерка) концепт, произлезена од тет-а-тет пристап.

Фото: @frozentimedrops

А.П.: Креативен колектив што испорачува префинета естетика преку реален пристап. Здивот на бетонот, окото на сировоста интерпретирано преку креативни решенија во маркетинг консалтинг дизајн сфера.

Фото: @frozentimedrops
Фото: @frozentimedrops

Зошто „Матра“? Од каде проникна идејата и инспирацијата за ваков проект? Што ја прави „Матра“ различна од останатите?

Аника: Името „Mатра“ е сленг (скратеница) од матрица, односно патерн на дејствување, начин на живот, начин на општење. Инспирацијата за Матра произлезе од слични интереси, а различни вкусови. Чувство на дефицит поради недоволно автентични решенија на пазарот. Желбата за солуција, поместување на границите на понудените решенија. Промена на статус кво.

Колаборации на „Матра“ со локални таленти

„Матра“ чувствува потреба за културен придонес во секојдневието и опшеството и затоа дава акцент за колаборативно дејствување со млади поединци од која било креативна и културолошка сфера. Манифестира преку брендови со доволно прогресивна визија за компактабилност во креативниот пристап.

матра

А.П.: Затоа што е самостојна и своја. Идејата произлезе од емоција, а инспирацијата од афинитет кон префинета естетика и недостиг од истата. Она што ја прави различна „Матра“ од другите е тоа што се темели на емоција и принцип. А за таква промена треба „желудник“.

матра
Колаборации на „Матра“ со локални таленти

Тенденциозно ја заобиколивте помпезноста и наместо тоа, почетокот на вашата дејност го претставивте со автентичен концепт. Раскажете ни за вашиот прв настан, кој неодамна се одржа во Speak Easy.

матра
Фото: „Матра“

Заедно: Целевме нашето запознавање со јавноста да биде доволно доверливо и интимно, па затоа и настојувавме настанот да добие таква суштина. Низ процесот и креирањето на овој наш проект под пвсевдонимот „Матра“, инволвирани беа, директно и индиректно, многу наши познаници од сферата на креативните дејности, што преку соработки, што со размена на мислења и идеи низ цел тој процес.

матра
Фото: „Матра“
матра
Фото: „Матра“

Настојувавме да го обесмртиме целиот придонес и успеавме во тоа преку креативно творештво. Така, на нашиот неформален промо-настан им поделивме парче уметност на нашите гости, како интерактивен промо-материјал, а со тоа им ја преточивме нашата визија, но и визијата на создавачот.

матра
Фото: „Матра“

Аника, раскажи ни нешто повеќе за тебе и за твојот придонес во „Матра“?

Аника Иловска / Фото: @frozentimedrops
Фото: @frozentimedrops

Аника: Верувам дека имам сенс и потенцијал за различен приказ на естетика и дизајн. Воедно, сметам дека различноста во нашата естетска склоност доведеде до конектирање и компактибилен развој на услуги и продукти. Со создавање на мои парчиња, посериозно почнав да се занимавам откако започнав да посетувам приватни часови за шиење и дизајн, а тоа вроди со мојот прв личен продукт. Шик блејзер и панталони со DIY филинг.

Фото: @frozentimedrops
Фото: @frozentimedrops
Фото: @frozentimedrops

А.П., раскажи ни нешто повеќе за тебе и за твојот придонес во „Матра“?

Продукт на сопственото опкружување, поетски кажано од тротоар до пентхаус, и назад. Придонес од ѓаволот на десното рамо на Матра, мојот пристап е „вилански“.

Фото: @frozentimedrops

Преку зачувани фотографии од вашата галерија, покажете ни што ве мотивира и инспирира периодов?

Аника:

Продавницата за облека Марни, на 95 Mount St, во Лондон. Пристпот кон внатрешниот дизајн со својата уникатност и префинетост.
Едноставен пример за различни перцепции и агли на видување на работите

 

Сегмент од модната ревија на Коперни, којашто ме воодушеви со нејзиниот симболизам и нетрадиционален пристап кон модата, буткајќи ги границите со нивното несекојдневно решение

А.П.:

Фјодор Достоевски во сибирски затвор, кога своевремено го напишал делото „Поздрав од мртвиот дом“
Најпрефинетата социопатска естета на сите времиња – Patrick Bateman
3. Bane – Мојот омилен антагонист

Заедно: Скопје како неисцпрна инспирација. Фотографии што ги направивме во рамки за „Матра“

матра
Фото: @frozentimedrops за „Матра“
Фото: @frozentimedrops за „Матра“
Фото: @frozentimedrops за „Матра“
Фото: @frozentimedrops за „Матра“
матра
Фото: @frozentimedrops за „Матра“
Фото: @frozentimedrops за „Матра“
Фото: @frozentimedrops за „Матра“

На што работите во моментов?

Аника: Моментално работам на усовршување на моите вештини поврзани со шиње и дизајн, а фокусот е на дејностите поврзани со услугите што ги нуди „Матра“ во областа на гастрономската, културната и опшествената сцена. Дел од нашата досегашна работа е достапна на нашиот инстаграм-профил @matrastudio.

Фото: @frozentimedrops
Фото: @frozentimedrops

А.П.: Концизно претставување на имиџот на „Матра“, одржување на посакуваното ниво и тежнеење кон истото.

@matrastudio

Што може да очекуваме од „Матра“ во иднина?

Аника: Придонес и прогрес кон искрениот пристап.
А.П.: Тоа што ретко кој има желудник да го реализира преку таков пристап.

Заедно: Сè што можеме да откриеме во моментов е потенцијална сорaботка за интерактивен настан со етаблирана опшествена културна установа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @matrastudio

Стапете во конткт со „Матра“ преку нивниот инстаграм-профил @matrastudio или на мејл адресата [email protected]

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ се огласи за случајот со исчезнувањето на момчето од Сплит во Белград: „Имаат скица за тоа што можело да се случи“

Следно

Најстариот човек на светот: Јапонка го прослави својот 119 роденден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian