Француски пораки за регионот: Скопје е заложник на бугарското вето, Србија треба да го признае Косово

2 mins read

Амбасадорката на Франција, земјата која на 1 јануари го презеде шестмесечното претседавање со Европската Унија, истакна дека не треба да има поделба во процесот на европска интеграција меѓу Албанија и Северна Македонија, иако „Скопје е заложник на бугарско вето“.

Француската амбасадорка во Албанија Елизабет Барсак смета дека „вистинското прашање“ во дискусијата за иницијативата Отворен Балкан е признавањето на независноста на Косово и вели дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е приоритет на Европа.

Барсак рече дека е скептична кон иницијативата Отворен Балкан, чиј дел не е Приштина, пишува Коха диторе.

– Сметам дека се што е направено при потпишувањето на договорот за унапредување и зголемување на билатералната размена е многу добро, но ако се гледа од глобална перспектива на целиот регион, вистинското прашање останува признавањето на Косово од Србија и дијалог меѓу Косово и Србија. Нема да можеме одржливо да изградиме навистина суверена Европа ако не го водиме овој дијалог и не постигнеме напредок во оваа област – рече амбасадорот.

Таа потсети дека на 1 јули 2021 година во Западен Балкан е воспоставен бесплатен роаминг и посочи дека поради тоа помислиа на создавањето на заедница за јаглен и челик меѓу Германија и Франција, претходникот на Европската унија.

– Се започнува со такви работи, можеби не многу спектакуларни, за да се премине на навистина суштински работи. Денес, бесплатната комуникација, користењето телефони каде и да сте во регионот, горе-долу е како јагленот на нашите комуникации. Во регионот каде што можете брзо да патувате бидејќи далечините не се големи, од Скадар можете да одитена ручек во Подгорица, без да имате проблеми со телефонот – изјави Барсак.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Поради снежната бура во Вашингтон, Бајден остана заглавен во авионот

Следно

Мутињо го замолкна „Олд трафорд“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian