ФОТО: Поради снежната бура во Вашингтон, Бајден остана заглавен во авионот

1 min read

Американскиот претседател Џо Бајден денеска 30 минути беше завеан во авион во Вашингтон поради снежна бура што го погоди главниот град на САД.

Бајден се вратил во Вашингтон со претседателскиот авион Ер Форс Уан, а од авионот излегол дури кога персоналот на аеродромот со големи проблеми успеал да стигне до скалите до вратата на авионот, објави Индипендент.

Камионот ги туркаше скалите со помош на работници, додека тие го пробиваа големиот снег, а Бајден мораше да чека 30 минути.

Снежно невреме го зафати Вашингтон/Фото: Nicholas Kamm / AFP / Profimedia

Поради силните снежни наноси, тој со рака го покри додека се симнуваше по скалите, а агент на Тајната служба цело време го следеше.

Вашингтон го погоди силно невреме при што снежна бура го парализираше главниот град на САД/Фото: Nicholas Kamm / AFP / Profimedia

Инаку, повеќе од 725.000 граѓани во Вашингтон и околните земји немаат струја поради снежното невреме, јави Си-Ен-Ен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Освоила повеќе од 200.000 евра со влог од 80 центи

Следно

Француски пораки за регионот: Скопје е заложник на бугарското вето, Србија треба да го признае Косово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian