Евролигата не се прекинува, се скратува карантинот

1 min read

Челниците на 13 постојани екипи во Евролигата, на денешниот состанок воопшто не ја разгледуваа можноста на одреден период да се прекине елитното европско клупско натпреварување, туку донесоа друга одлука.

Главната промена за која челниците на Евролигата и на екипите се договорија се однесува за бројот на денови во карантин кои мора да ги поминат кошаркарите кои се позитивни на коронавирус. Со новата одлука, карантинот за заразените кошаркари нема да трае 14 дена туку ќе изнесува седум или десет дена.

Конечната одлука за тоа колку дена ќе изнесува карантинот ќе биде донесена на утрешниот состанок на бордот на Евролигата. Важна улога во конечната одлука ќе имаат и правилата за карантин кои важат во секоја европска држава.

Бидејќи на состанокот не стана збор за прекин на одреден период, натпреварите во Евролигата ќе продолжат на 6 јануари, а проблем ќе претставуваат одложените натпревари.

Според одлуката на бордот на Евролигата, сите натпревари од регуларниот дел од сезоната мора да се одиграат до 14 април или екипи поради кои се одложени наптреварите ќе загубат со службени 20:0.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кочански „Водовод” со кривична пријава против непознат сторител за потпалување на општинската депонија

Следно

Британски научник: Луѓето со грип или настинка треба да бидат ставени во карантин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian