Еколошки блокади на повеќе места во Србија, протести во Белград, Ужице и Шабац, инцидент во Прељина

2 mins read

 Здружението на еколошки организации на Србија го блокира денеска сообраќајот на патиштата во повеќе градови во Србија, барајќи забрана за ископ на литиум, односно Владата на Србија да го повлече планот за посебна намена на рудникот Јадар, јави дописникот на МИА од Белград.

Протестите почнаа околу 13 часот, а блокирани беа патиштата во Нови Сад, Прељина, Шабац, Лозница-Ваљево и патот Горња Недељица – Брезјак во западна Србија, каде што британско-австралиската компанија Рио Тинто планираше рудник за литиум.

Блокирана беше и Ибарската магистрала под мостот кај Прељина каде имаше инцидент, кога возач удри во жена која се обидувала да го спречи неговото поминување. Жената со Брза помош е пренесена во болницата во Чачак.

Во Белград неколку десетици граѓани десетина минути ја блокираа едната лента од меѓународниот автопат Е-75 на мостот Газела.

Насобраните изјавија дека се собрале самоиницијативно и дека нема организатори, а на протестот доминираа десничарски и антиваксерски пораки.

Српскиот претседател Александар Вучиќ реагираше на најавените блокади на патиштата во Србија.

Говорејќи пред новинарите во воената касарна во Панчево, тој изјави дека не ја гледа поентата на протестот и дека државата „ја завршила работата и ги прифатила и ги усвоила сите барања”.

-Што се однесува до Рио Тинто, нема да има никакви промени, никакви нови акции, никакви дејствија на Рио Тинто во иднина на кој било начин додека не разговараме за тоа меѓу себе на кој било начин, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека е рано да се зборува за тоа, бидејќи државата се уште нема добиено студии за оцена на влијанието врз животната средина.

извор МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Продолжува хаосот во Челси, фудбалерите бараат казна за Лукаку

Следно

Членовите на кралското семејство со најтопли честитки за Новата година: Еве што посакаа Кејт Мидлтон и Вилијам, Хари и Меган…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian