ЕХФ ја претстави Македонија: Лазаров во двојна улога и селектор-играч

2 mins read

Европската ракометна федерација (ЕХФ) напправи најава за репрезентацијата на Македонија пресрет Европското првенство. ЕХФ пишува дека Македонија има голема ракометна традиција, навивачите се вљубени во ракометот, а репрезентацијата за десет дена по седми пат ќе игра на Европско првенство, а шести пат по ред.

По слабиот настап на Светското првенство во Египет минатата година, Македонија ќе биде предводена од нејзиниот најдобар ракометар Кирил Лазаров кој на овој шампионат ќе има двојна улога, покрај тоа што е капитен,  тој е и селектор.

„Македонија доаѓа на своето шесто последователно ЕП со посебна приказна, легендарниот Кирил Лазаров ќе биде играч и тренер. Иако имаа слаб настап на СП кога завршија на 23 место, Македонците се уште имаат верба дека може да имаат успешен настап на ЕП. Со Лазаров, со пикерот Стојанче Стоилов, со голманите Мартин Томовски и Никола Митревски, може да бидат тврд орев. Лазаров има јасна визија за својот тим и за стилот на игра. Ќе им се даде шанса на младите ракометари да се докажат, а Лазаров може да смета на искусните играчи во клучните моменти. Оваа комбинација може да се покаже корисна бидејќи Македонија сака да го остави зад себе разочарувањето од ЕП 2020 кога за прв пат не успеа да ја помине првата фаза. Лазаров стана селектор во февруари минатата година наследувајќи го Данило Брестовац и ја предводеше репрезентацијата до голема победа над Данска“, пишува меѓу другото ЕХФ.

Македонија е во група со Словенија, Данска и Црна Гора, а првиот натпревар „црвено-жолтите“ го играат на 13. јануари против Словенија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови 242 случаи на ковид, 247 оздравени и 6 починати

Следно

Господ не го заштити од инфекција , грчкиот митрополит почина од ковид

Latest from Blog

Перишиќ се сели во Лондон

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата и тоа во екипата

MacedonianEnglishAlbanian