Доколку не се вакцинира, Ѓоковиќ ќе може да настапи само на еден гран слем турнир

1 min read

Италијанскиот тренер Рикардо Пјати, кој работеше со некои од најдобрите тенисери на светот, смета дека првиот тенисер на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ, во време на пандемија на коронавирусот ќе може да игра на само еден од четирите грен слем турнири во годината.

Неизвесноста околу настапот на Ѓоковиќ на Австралија Опен кој започнува на 17. јануари сè уште трае бидејќи бидејќи условот за настап на гран слем турнирот е тенисерите и тенисерките да бидат вакцинирани против коронавирус. Ѓоковиќ во неколку наврати изјави дека прашањето околу вакцинацијата е приватна работа и нема да зборува јавно за тоа.

Поради ваквиот став се зголемуваат шпекулациите дека Ѓоковиќ може да го пропушти Австралија Опен, а Пјати вели дека можно е српскиот тенисер да настапи на само гран слем турнир годинава, под услов да не е вакциниран.

– Ајде да бидеме реални, без вакцина Новак може да игра само во Европа. Но, бидејќи и за влез во Англија е потребна вакцина, Новак Ѓоковиќ ќе може да игра само на еден гран слем турнир, тој во Франција – порача Пјати.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Комерцијална банка до Јовески: Не го ослободивме ние Мијалков, туку Судот

Следно

Сакате полн паричник во 2022? Еве што треба да направите за да привлечете пари и успех!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian