Да не даваме „импровизирани изјави за Македонија“, порача потпретседателот на Бугарскиот парламент

1 min read

Потпретседателот на Народното собрание на Бугарија и поранешен шеф на бугарската дипломатија, Кристијан Вигенин, на Фејсбук напиша дека коалицискиот договор за владеење меѓу „Промената продолжува“, БСП, „Има таков народ“ и Демократска Бугарија има јасен став за европската перспектива на Република Северна Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, тој пишува дека оваа тема останува еден од најголемите предизвици за Бугарија и бугарската влада во областа на надворешната и европската политика.

Според Вигенин, одржувањето на широк политички договор и соработка меѓу институциите во земјата е клучот за успешна одбрана на бугарскиот интерес. Тој смета дека Советодавниот совет за национална безбедност свикан од претседателот на Бугарија е добра можност да се добијат нови информации и да се споделат политичките ставови за следните чекори.

На крајот од својот пост, Вигенин заклучи дека секој збор е важен, и затоа се надева дека импровизираните изјави во оваа фаза ќе бидат сведени на минимум за да не се создаде лажна претстава за пукнатини во позицијата на Бугарија или меѓу коалиционите партнери.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Иванка и Доналд Трамп помладиот повикани на распит пред Јавната обвинителка на Њујорк

Следно

Трансфер бомба во најава: Салах на лето си оди од Ливерпул?!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian