Членовите на кралското семејство со најтопли честитки за Новата година: Еве што посакаа Кејт Мидлтон и Вилијам, Хари и Меган…

3 mins read

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам објавија фотографија на која не позираат официјално, туку истата е направена спонтано и се гледа колку се навистина среќни и вљубени.

Двојката е толку искрено насмеана од уво до уво и изгледа позаљубено од кога било досега.

Војводата и војвотката од Кембриџ споделија прекрасна фотографија по повод крајот на 2021 година и им посакаа на сите среќна нова година.

„На сите им посакуваме среќна Нова Година!“, стои во описот на фотографијата.

Фотографијата е направена во автомобил, на пат кон премиерата на филмот за Џејмс Бонд. Кејт е во златен фустан од бајките и го држи сопругот за рака, додека принцот е во црн костум.

Тие добија бројни позитивни коментари, еден обожавател напиша „Толку прекрасна и искрена двојка“. Друг коментираше: „Толку природно! Прекрасен пар“.

Таткото на Вилијам, принцот Чарлс и војвотката од Корнвол исто така посакаа се најдобро со серија фотографии кои ги споделија на „Твитер“.

„Нè радува да се видиме со многу од вас повторно оваа година, без разлика дали тоа ќе биде поздравување со допирање на лактите, ракување или мавтање од далеку. Ви посакуваме многу среќна и спокојна Нова Година“, напишаа Чарлс и Камила.

Принцот Хари и Меган во последните денови од месец декември ја објавија божиќната честитка и на сите им посакаа среќни празници и бериќетна година.

„Во 2021 година ѝ посакавме добредојде на нашата ќерка Лилибет. Арчи нè направи „мама“ и „тато“, а Лили нè направи семејство. Со нетрпение ја очекуваме 2022 година, дониравме во ваше име на неколку организации кои ги почитуваат и штитат семејствата – од оние кои се преселени од Авганистан до американските семејства на кои им треба платено родителско отсуство. Ви посакуваме среќни празници и бериќетна Нова Година, од нашето семејство до вашето!“, напишаа Хари и Меган.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

На официјалниот профил на кралицата Елизабета беше објавена комплијација од фотографии од годината што помина.

„На сите им посакуваме многу среќна и здрава 2022 година“, стоеше во описот на видеото.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Еколошки блокади на повеќе места во Србија, протести во Белград, Ужице и Шабац, инцидент во Прељина

Следно

Зухди Енуз е нов директор на ЈП Комунална хигиена-Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian