Борел од утре во посета на Украина

1 min read

 Жосеп Борел, високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, ќе престојува во Украина од 4 до 6 јануари во контекст на растечки тензии со Русија, најави неговата прес служба.

Борел ќе се сретне со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба,  и заедно ќе ја посетат источна Украина и линијата на контакт, односно границата меѓу деловите на Украина под украинска контрола и под руска контрола.

Шефот на европската дипломатија со ова прво официјално патување во новата година сака да испрати “силен сигнал на поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во време кога земјата е соочена со руска воена надградба и хибридни дејствија”, се наведува  во најавата за посетата.

Борел ќе ја посети и престолнината Киев каде ќе има други официјали средби.

ЕУ и САД ја повикуваат Русија да ги смири тензиите со Украина и ја обвинуваат Москва дека ги зголемила воените сили на границата со цел да ја нападне Украина. Во спротивно на Русија и се закануваат нови санкции, најавија и американските и европските челници.

Русија од своја страна обвинува дека САД не го почитува даденото ветување дека нема да распореди офанзивно оружје во Украина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кои инфраструктурни проекти се предвидени во Кисела Вода во 2022 година?

Следно

Зухди Енуз нов в.д. директор на ЈП „Комунална хигиена” – Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian