Бил Гејтс, Јапонци и американската влада заедно ќе градат нуклеарка во САД

1 min read

Две големи јапонски компании планираат да се здружат со милијарерот Бил Гејтс за да обезбедат техничка поддршка за високотехнолошки нуклеарен реактор што ќе биде изграден во американската сојузна држава Вајоминг, објави Ројтерс.

Во јануари се очекува да биде потпишан договор, со учество на Јапонската агенција за атомска енергија (ЈАЕА) и „Mitsubishi Industries“ за обезбедување индустриска помош и податоци од напредните јапонски реактори.

Терапауер, нуклеарна енергетска компанија основана од Гејтс, планира да ја отвори својата централа во Вајоминг уште во 2028 година, а американските власти ќе обезбедат средства за покривање на половина од проектот вреден 4 милијарди долари, пишува „Business Telegraph“.

Работата на изградбата на брзиот реактор од 345.000 киловати кој користи натриум како течност за ладење, ќе започне во 2024 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кијану Ривс донирал 70% од својата заработка од „Матрикс“ за борба против леукемијата

Следно

Корона во репрезентациите кои ќе играат против Македонија на ЕП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian