Џаред Лето за роденден покажа извајано торзо и ги маѓепса обожавателите: „Како е можно да имаш 50 години“? (ФОТО)

1 min read

Џаред Лето за својот роденден објави веќе традиционална фотографија на која ужива во парче роденденска торта. Но, овој пат, за јубилејниот, 50-ти роденден, тој реши тоа да го направи без маица и на тој начин да ги покаже своите извајани стомачни мускули.
Фотографијата предизвика бран коментари во кои сите се прашуваа истото: како е можно овој човек да има 50 години?

Влегувањето во педесеттите не значи дека веднаш ќе ги изгубите сите мускули на кои напорно сте работеле. За тоа сведочат голем број познати личности, меѓу кои Лени Кравиц, Дејв Баутиста и Френк Грил. Тие се вистински примери дека и во педесеттите можете да бидете во најдобра форма во животот, под услов да јадете правилно и редовно да тренирате.

Лето е познат по тоа што, како Кристијан Бејл, може неверојатно да се трансформира за лик што го игра. За „House of Gucci“ се здебели, а за „Suicide Squad“ и „Dallas Buyers Club“ драстично ослабе.

Тој е познат и по тоа што на социјалните мрежи покажува како изгледаат неговите тренинзи како и резултатите. Затоа, за секој кој сака да добие подобар увид во неговата рутина, доволно е да го прелиста неговиот Инстаграм профил.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Гордана Здравковиќ за животот со Тома: „Не сакав да го менувам, мислев дека треба да живее најдобро што може секој ден“

Следно

22 дрвја засадени кај трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian