Актерката Џоан Колинс откри шокантни детали: Првиот сопруг ме дрогираше и силуваше на првиот состанок, се омажив од срам

2 mins read

Актерката Џоан Колинс излезе со ново шокантно, но и важно и детално откритие за нејзиниот приватен живот – таа стапила во нејзиниот прв брак од срам, иако таа била жртва на сексуално насилство.

Во новиот документарен филм „This is Joan Collins“ актерката откри дека нејзиниот прв сопруг Максвел Рид ја силувал на првиот состанок.

„Тој имаше 31 година, а јас бев 17-годишна девица. Ме дрогираше додека бевме кај него дома и среде ноќ си дојдов при себе, се разбудив во неговата дневна соба додека тој имаше секс со мене. Во тоа време мајка ми ќе речеше дека сум „искористена“. Сега тоа го нарекуваме силување“, тврди Колинс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

Актерката призна дека после тоа се омажила за него од срам.

„Да не бев толку наивна кога станува збор за секс и како би требало да бидат работите, немаше да го направам тоа, но имав силно чувство на вина, па сепак го направив тоа. Медениот месец беше чисто фијаско. Изгледавме среќни однадвор, а мене всушност ми беше ужасно“, додаде актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

Таа тврди дека Максвел подоцна се обидел да ја продаде на постари мажи за секс за една ноќ за 10.000 фунти. Со него беше во брак четири години.

Откако Џоан поднела барање за развод, Максвел побарал да му се плаќа 950 фунти месечно, бидејќи сметал дека тој ја „открил“. Актерката тврди дека бракот ја чинел околу два милиони фунти.

По разводот со Максвел, таа се омажи уште четири пати. Моментално е во брак со Перси Гибсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joan Collins (@joancollinsdbe)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови снимки треба да откријат каде е Матеј: Дали трчаше по такси па влезе да плива во Сава

Следно

Иванка и Доналд Трамп помладиот повикани на распит пред Јавната обвинителка на Њујорк

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian