24 милиони денари за унапредување на спортот предвидува Град Скопје за 2022 година

1 min read

Развојниот дел на Буџетот на Град Скопје за периодот 2021 – 2023 година во делот на унапредување на спортот во Град Скопје, преку потпрограма, предвидува капитални инвестиции кои ќе значат подобри услови за спортување на отворено и подигнување на спортот на едно повисоко ниво.

Со реализација на потпрограмата во вреност од 42 милиони денари се планира изградба на надворешни содржини за спорт, партерно уредување и изведба на патеки на јавни површини, изградба на мини спортски игралишта и вело паркинзи, изведба на трим тартан атлетска патека, изработка на маси за играње пинг понг, шах и табла на отворено, потоа набавка, како и изградба и одржување на вело патеки за граѓаните на Град Скопје.

Унапредувањето на спорт на отворено, а особено возењето велосипеди како алтернативо средство за превоз е секако во насока и на одржлива здрава животна средина и згoлемена одговорност кон нашето окружување, велат од Град Скопје. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Мажи, пијте ги овие четири чаеви за здрава простата

Следно

ВИДЕО| Судири во Амстердам, полициски кучиња ги нападнаа демонстрантите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian