ВМРО-ДПМНЕ со реакција за изјавата на Кузеска: Со ова покажаа дека се одлепени од реалноста

1 min read

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на портпаролката на СДСМ, Богданката Кузеска, велејќи дека од 1 јануари граѓаните плаќаат над 15% поскапи сметки за струја, а во Скопје и поскапо парно за 14%.

„Ако за СДСМ ова е малку, тогаш навистина се имаат одлепено од реалноста. Се што ветуваа излажаа, се што фатија или украдоа или исушија“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, ова е резултат на неодговорноста и неспособноста на власта на СДСМ. Кузеска и СДСМ да одржат уште десет прес конференции во кои ќе прикажуваат розови слики нема да го покријат фактот дека граѓаните тонат во сиромаштија, додаваат тие.

Криминалот и корупцијата на власта доведе до тоа да бидеме најсиромашната и најнесреќната нација во Европа. Додека Заев и екипата јадат со златни лажици за празниците, народот ќе стравува како да врзе крај со крај во месецот, соопшти опозицијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кличко и се приклучи на војската во воените вежби

Следно

Кавани дефинитивно оваа зима нема да го напушти Јунајтед

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian