ВИДЕО: Потешко е без Димитриевски, Рајо поразен од Атлетико Мадрид

1 min read

Денеска во рамките од 19 коло во најсилното шпанско првенство составот на Атлетико Мадрид дома славеше над Рајо Ваљекано со 2:0.

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски имаше информација дека во изминатиот период беше позитивен на ковид-19, а веднаш потоа направи нови тестови кои се покажаа како негативни.

Тоа му дозволи да биде во составот на Рајо за денешниот дуел на стадионот „Ванда Метрополитано“, но не и да биде стартер како што тоа стандардно изгледаше во досегашниот тек на шампионатот.

Нашиот чувар од мрежата од клупата за резерви го гледаше мечот против „јорганџиите“, а шанса од тренерот Андони Ираола на голманската позиција доби Лука Зидан, синот на легендарниот Зинедин Зидан.

Тоа беше само втор настап за Зидан оваа сезона, првиот го имаше дури во август минатата година. Головите за домашната екипа ги реализираше Кореја во 28 и 53 минута од средбата, на вториот погодок асистент беше Ренан Лоди.

Инаку за Атлетико ова беше крај на големата негативна серија на порази (четири во низа) и е моментно на четвртото место со 32 бодови, два повеќе од Рајо на петтата позиција.

ВИДЕО: Сензација во „Ла Лига“, ниту Реал не може да го запре Хетафе

www.slobodenpecat.mk

Претходно

На 1 јануари 2022 година, Земјата е населена со 7,8 милијарди луѓе

Следно

Ова се најсреќните денови во јануари 2022: Искористете ги за остварување на желбите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian