ВИДЕО | По смртта на Кика, Бака Прасе се отсели од Србија: Добивав смртни закани

2 mins read

Богдан Илиќ, попознат како Бака Праше, се појави на Јутјуб и рече дека се преселил од Србија. Откри зошто тоа се случило и каде живее сега.

„Ја напуштив Србија, многу веројатно трајно. Добивав закани, од тоа дека ќе ме претепаат до тоа дека ќе ме убијат. Едноставно не можев да го поднесам тој притисок. Се преселив во Амстердам. Во моментов сум во станот на мајка ми и татко ми. Го продадов „ферарито“ и купив стан во Амстердам Додека мојот стан тука се уредува, живеам кај мајка ми и татко ми“, изјавил познатиот балкански јутјубер.

По трагичната мртта на 21-годишната српска јутјуберка и инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ, многумина го критикуваа Богдан, кој пред неколку години сними видеа за неа и ја прозва, неретко и со навреди кон неа. Во нивната дискусија имаше разни навреди.

„Не можев повеќе да се справам со тоа. Каде и да одам луѓето ме гледаат, којзнае кој што мисли за сѐ што се случи. На луѓето не им е гајле дали јас сум виновен или не за што било, тие само сакаат да ме напаѓаат и обвинуваат“, рекол Богдан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bogdan Ilic (@bakaprase)

Тој сè уште не знае дали ќе продолжи да снима за Јутјуб.

„Не знам што ќе се случи следно, немам никаков план. Не знам дали ќе снимам за Јутјуб. Не се чувствувам повеќе дека сакам да снимам, а второ, морам да почнам да се занимавам со некоја обична работа и да заработувам за живот тука, со оглед на тоа дека тука животот е скап. Нема да снимам за Јутјуб бидејќи ми одзема многу време, затоа што повеќе ништо не заработувам затоа што немам повеќе спонзори, немам заработувачка, ниту монетизација, сѐ ми е откажано“, рекол, меѓу другото, во новото видео.

На социјалните мрежи многумина го обвинија дека е водач во сајбер-малтретирањето, а по трагичната смрт на Кристина Ѓукиќ Кика, беше покрената петиција за забрана за понатамошно емитување на видеото на Бака Прасе на Јутјуб „поради навреди на други јутјубери и корисници на Јутјуб“.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Сензација во „Ла Лига“, ниту Реал не може да го запре Хетафе

Следно

Најлудата ноќ Катица Јанева ја прослави дома

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian