ВИДЕО | Направете божиќен венец од леб – симболизира заштита и радост

2 mins read

Божиќ е фантастично време да ги покажете своите пекарски вештини и да направите подарок леб за пријателите и за семејството. Има многу вкусни традиционални новогодишни лепчиња што можете да ги направите, да ги подарите и да уживате заедно со семејството и вашите блиски.

Венецот е секогаш во кружна форма бидејќи симболизира заштита, слава, чест и радост.

Овој вкусен божиќен венец ќе ја разубави вашата трпеза, со малку ваша имагинација може да изгледа импресивно, а ќе биде и уживање за вашите сетила.

Состојки:

● 2 шолји брашно (шолја од 250 мл)
● 1/2 мала лажичка квасец
● 1/2 шолја млако млеко
● 1/4 шолја шеќер
● 1/2 мала лажичка сол
● 1/3 маргарин (коцка од 250 гр)
● 1 јајце
● црно суво грозје (за декорација)

Подготовка:

Во длабок сад замесете ги брашното, квасецот, млекото, шеќерот и солта. Откако убаво ќе го измесите тестото, ставете го врз претходно набрашнетата работна површина на која ќе продолжите со постапката.
Откако убаво ќе се измеси, поделете го тестото на три еднакви дела и потоа формирајте топчиња од сите. Од секое од топчињата истегнете тенки ленти со должина од околу 60 сантиметри. Откако ќе ги изработите трите ленти, се започнува со правењето на плетенката. На крај, на готовата плетенка од тесто ѝ се спојуваат краевите.
Во претходно намастен сад се сместува плетенката, каде што се остава да нарасне околу 40-50 минути. Потоа, се премачкува со матено јајце и се додаваат неколку зрна суво грозје за дополнителна декорација.
Божиќниот венец се пече во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 20-тина минути.
Ако, пак, сакате плетенката да има убав сјај, испечениот венец уште додека е топол премачкајте го со малку растопен маргарин.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Црна Гора ги заостри мерките за влез во земјата

Следно

Мајли Сајрус проговори босански во новогодишен спот (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian