ВИДЕО: Масовни протести во Амстердам против ковид мерките

1 min read

Полицијата опремена со палки и штитови, растера неколку илјади луѓе кои денеска се собраа во Амстердам да протестираат против епидемиолошките мерки против ковид-19.

Градоначалничката Фемке Халсема издаде наредба до полицијата да го исчисти централниот плоштад откако демонстрантите ја прекршија забраната за јавни собири.

Демонстрантите, од кои повеќето не носеа маски и не се држеа на растојание, исто така ја игнорираа забраната за собири на главниот плоштад.

Во локдаун поради омикрон

Холандија ненадејно се затвори на 19 декември, кога владата одлучи да ја забрани работата на продавниците, рестораните, фризерите, спортските сали, музеите и другите јавни места до 14 јануари.

Како и другите европски земји, Холандија го стори тоа за да го спречи бранот на омикрон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Кевин Спејси со хитовите на Северина ја дочека Новaта година во Загреб

Следно

ВИДЕО: Сензација во „Ла Лига“, ниту Реал не може да го запре Хетафе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian