ВИДЕО: Конечно насмевки во Лидс, играчите на Биелса сигурни против Барнли

1 min read

Денеска се одиграа три натпревари од 21 коло во Премиер лигата, на својот „Еланд роуд“ со 3:1 триумфираше Лидс против Барнли.

После првото полувреме водеше домаќинот со голот на Херисон во 39 минута, израмни Корне во 54 минута со прекрасен погодок од слободен удар.

Далас и Џејмс ја донесоа само четвртата победа сезонава за Лидс кој на последните четири средби освои само еден бод.

На табелата играчите предводени од менаџерот Марсело Биелса се наоѓаат на 16 место со 19 бодови во сигурната зона, додека Барнли е на 18 место со 11 бодови.

Во другите два меча Брентфорд на домашен терен со 2:1 беше подобар од Астон Вила, додека како гостин со 2:3 Брајтон славеше кај Евертон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Најлудата ноќ Катица Јанева ја прослави дома

Следно

Без две примени дози против ковид, нема влез на Косово, сертификат за примена вакцина се бара и за деца над 12 години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian