ВИДЕО: Дерозан со тројка во последните секунди за победа на Чикаго

1 min read

Во еден драматичен натпревар изминатата НБА ноќ екипата на Чикаго со 119:120 триумфираше во завршницата против Вашингтон.

Повторно херој на „биковите“ е ДеМар Дерозан кој втора вечер по ред решава меч со тројка во последните секунди.

Во петокот се погрижи за победа против Индијана, а еден ден подоцна беше побрз од звукот на сирената и против Визардси.

Прв стрелец за Булси беше Лавин со 35 поени, следен од Дерозан со 28 поени (девет скокови, пет асистенции), а на спротивната страна најрасположен беше Кузма со 29 поени (12 скокови).

Денвер го забележа и третиот триумф во низа откако на гостински терен со 111:124 славеше над Хјустон. За Нагетси српскиот интернационалец Јокиќ имаше „дабл-дабл“ учинок од 24 поени и 11 скокови, а за Рокетси Грин запиша 29 коша.

НБА лига, резултати

Милвоки бакс – Њу Орлеанс пеликанс 136:113
Детроит пистонс – Сан Антонио спарс 117:116, 105:105 (по 1. продолжение)
Вашингтон визардс – Чикаго булс 119:120
Бруклин нетс – Лос Анџелес клиперс 116:120
Хјустон рокетс – Денвер нагетс 111:124
Јута џез – Голден Стејт вориорс 116:123

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Извештај на АФП за животот во Валандово и масовното иселување од Балканот

Следно

Голема трагедија на Корчула: Три момчиња загинале во тешка сообраќајка

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian