ВИДЕО: Дали Ѓоковиќ случајно потврди дека ќе игра на „Австралија опен“?

1 min read

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ можеби индиректно потврди дека ќе настапи на првиот грен слем турнир годинава, „Австралија опен“.

Првиот рекет на светот го поминува времето во Мајорка каде тренира. И не само тоа, туку со топките кои ќе се користат на првиот Грен слем оваа сезона.

На социјалните мрежи се појави видео од девојка која му посакува среќа на Ѓоковиќ на Австралија опен, на што тој кратко одговори:

Благодарам многу.” Можеби потврда или само изречена од пристојност?

Сите со нетрпение го чекаат одговорот дали Ноле ќе игра во Мелбург, не е познато дали е вакциниран, но следните денови се очекува Србинот да ја информира јавноста.

Ѓоковиќ вкупно деветпати го освојуваше „Австралија опен“, во 2008, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016, 2019, 2020 и 2021 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бајден му вети на Зеленски одлучен американски одговор на руската инвазија на Украина

Следно

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од лекари: Поради пандемијата очекуваме повеќе кратковиди деца

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian