ВИДЕО: Барса игра „топло-ладно“, но и без 16 играчи славеше против Мајорка

1 min read

Каталонскиот гигант сезонава не игра најдобро, на последните пет средби во најсилното шпанско првенство има учинок од две победи, еден пораз и двапати ремизираше.

Вечерва во својот прв натпревар во 2022 година играчите на Чави со минимален резултат 0:1 славеа против Мајорка.

Веќе беше познато дека Барселона има проблеми со повредени фудбалери и кои што се позитивни на ковид-19, севкупно 16 играчи недостасуваат (Алба, Балде, Алвес, Брајтвајт, Бускетс, Кутињо, Дембеле, Демир, Депај, Дест, Езалзули, Фати, Гави, Педри, Роберто и Ваге), но и покрај тоа освои три значајни бода во новиот лигашки меч.

Стрелец на единствениот погодок беше де Јонг во 44 минута. „Отпишаниот“ Холанѓанец му донесе триумф на Чави и останува прашањето дали шпанскиот тенисер и натаму нема да смета на овој напаѓач и покрај шпекулациите дека играчот се наоѓа пред заминување од „Камп Ноу“.

На табелата Барса е на петтата позиција со 31 бод, 15 помалку од водечкиот Реал Мадрид, додека Мајорка е на 15 место со 20 бодови.

ВИДЕО: Сензација во „Ла Лига“, ниту Реал не може да го запре Хетафе

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Би-би-си: Киро Глигоров – нема споменик за човекот кој без испукан куршум донесе независност

Следно

Докторот од „Тома“ ги расплака сите! Сопругата на Тома Здравковиќ ја откри вистината за лекарот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian