Најдобриот фудбалер на светот за 2021 година, играчот на ПСЖ, Лионел Меси доби позитивен тест на ковид-19, соопшти францускиот клуб.
Како што се наведува, Аргентинецот Меси е еден од четворицата играчи кои се позитивни на коронавирус.
Во изолација како дел од здравствениот протокол се наоѓаат уште Хуан Бернат, Серхио Рико и Натан Битумазала.
Тие нема да патуваат на натпреварот од Купот на Франција кој ПСЖ ќе го одигра утре против Ван.
Воедно париските „светци“ известуваат дека Нејмар ќе го продолжи лекувањето во Бразил до 9 јануари со членовите на медицинскиот тим. Неговото враќање на тренинзите се очекува да биде за околу три недели.