По што ќе ја памети старата, а што посакува во новата година? Атанасоски: Да го видиме крајот на тунелот наречен ковид-19!

1 min read

Полека изминува втората година која светот ја живее во ерата на панедемијата од ковид-19. Освен што остави трајни последици по нашето здравје, особено психичкото, и ги смени од корен нашите навики во секојдневното функционирање, реперкусиите од неа влијаат и врз намалувањето на животниот стандард на граѓаните, кој и онака е низок и многу мал за земја која се наоѓа на европскиот континент. Станавме оттуѓени, гневни, лицемерни, отчовечени, дехуманизирани, наместо да бидеме емпатични, хумани и да си помагаме.

Посакувам економско-животните тешкотии да ги пребродуваме со заедништво, меѓусебно помагање и искреност во нашите односи, наместо со добропознатото „македонско лицемерие“. Да сме живи и здрави и да го видиме конечно почетокот на крајот од тунелот наречен ковид-19 во Новата година!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кинез по 30 години од киднапирањето се сретна со неговата мајка, начинот на кој ја нашол е неверојатен

Следно

Тухел збесна поради интервјуто на Лукаку, без Белгиецот против Ливерпул?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian