Осум работи за кои во 2021 година е откриено дека се поврзани со рак!

9 mins read

Во светот секоја година од рак заболуваат 11, а умираат 7 милиони лица. Научниците сѐ уште не можат да разберат во целост што точно предизвикува рак и тешко е да се наведе еден конкретен причинител со оглед на тоа дека во тоа учествуваат многу фактори, меѓу кои се генетиката, околината во која некој живее, начинот на живот, па дури и работата со која се занимава. Но, секоја година научниците откриваат поврзаност на ракот со некои работи кои се чинат нормален дел од нашиот секојдневен живот.

Веќе познати канцерогени материи продолжуваат од година во година да се откриваат на нови и неочекувани места, а научниците почнуваат подобро да го разбираат и влијанието на различните токсини на здравјето, како пестицидите. Доказите добиени оваа година укажуваат на поврзаноста на пестицидите со ракот со децении и генерации по изложеноста на тие материи. А и животните навики, како она што јадеме и пиеме имаат влијание на нашиот ризик за развој на рак, како и на тоа за колку време тој во нашето тело би можел да се развие. Издвоивме осум такви откритија во 2021 година, на кои треба да обрнете внимание.

Дури и само еден или два пијалаци дневно

Алкохолот одамна е категоризиран како канцероген, но истражувањаѕа се повеќе одат во прилог на тезата дека не постои безбедна количина што може да ја испиете. Секојдневното, рутинско консумирање алкохол, дури и ако е умерено, е поврзано со зголемен ризик за развој на рак, покажало истражување објавено во јули во списанието The Lancet Oncology.

Научниците од Меѓународната агенција за истражување на ракот откриле дека вкупно 741.300 нови случаи на рак на глобално ниво минатата година биле поврзани со алкохолот. Консумирањето само два алкохолни пијалаци дневно е поврзано со 103.000 нови случаи на рак во 2020 година. Но, повеќе од два алкохолни пијалаци дневно носи уште поголем ризик. Имено, сериозната зависност од алкохол која подразбира 6 или повеќе алкохолни пијалаци дневно, била најголемиот виновник, односно е поврзана со речиси половина од вкупниот број случаи на рак поврзани со алкохол во 2020 година.

Некои производи за заштита од сонце се контаминирани

Производите за сончање се препорачуваат заради намалување на ризикот од развој на рак на кожата предизвикан од сончевите ултравиолетови зраци. Но, оваа година, независна лабораторија во САД побарала од рафтовите во продавниците да се повлечат дури 40 такви производи, бидејќи на тестирањето биле позитивни на бензен, канцерогена индустриска хемикалија. Уште од 1977 година е познато дека бензенот го зголемува ризикот од развој на рак, кога истражување покажало дека работниците кои биле изложени на него имале 9 пати поголем ризик од развој на леукемија. Производите за сончање може, без знаење на производителот, да бидат контаминирани со бензен во текот на производниот процес бидејќи оваа хемикалија се користи во индустриски растворувачи. Факт е дека количината на бензен во производите за сончање била мала, но ниту најмала изложеност на оваа супстанца не може да се смета за безбедна, велат експертите. Научниците кои ги тестирале овие производи претпоставуваат дека проблемот не бил кај одреден производител или одреден производ, туку веројатно во производна серија.

Канцерогениот бензен е пронајден и во некои дезодоранси

Истата канцерогена супстанца е пронајдена и во некои производствени серии на дезодоранси во спреј од различни производители. Лабораторијата Valisure каде што било спроведено тестирањето побарала од американската Агенцијата за храна и лекови на САД да ги повлече тие производи од продавниците. Овие дезодоранси содржеле дури 9 пати повеќе бензен од дозволеното.

Газираните пијалаци поврзани со поголем ризик

Газираните пијалаци поврзани со поголем ризик може да придонесе за зголемен број случаи на рак на дебелото црево или ректумот кај помладите жени, покажало истражување објавено во мај, во списанието . Научниците откриле дека жените кои пијат неколку чаши газиран пијалак дневно имаат двојно поголем ризик за развој на рак пред 50-тата година во споредба со нивните врснички кои пиеле газиран пијалак еднаш неделно или воопшто не пиеле. Според авторите на студијата, ризикот почнува да се развива во тинејџерските години кога секој засладен газиран пијалак во периодот помеѓу 13 и 18 години придонесува за поголем ризик од развој на рак на дебелото црево пред 50-тата година од животот.

Козметички производи позитивни на канцерогени хемикалии

Полифлуоракрил (PFAS), канцерогена хемикалија позната и под името “вечна хемикалија“, оваа година е пронајдена во бројни козметички производи, како водоотпорни маскари, течни кармини за усни и подлоги за лице. Научниците тестирале 213 примерок од козметички производи и откриле дека речиси половина од нив имаат високо ниво на флуорин, што укажува на присуство на полифлуоракрилни супстанци. Станува збор за фрупа на хемикалии кои се познати по тоа дека ја загадуваат животната средина и човековото тело во кое се таложат и предизвикуваат здравствени проблеми. Изложеноста на најчестите видови на полифлуороакрилните супстанции е поврзана со неколку видови на рак, како и болести на тироидната жлезда и имуниот систем. Водоотпорни и долготрајни производи (со ознака „long lasting“) најчесто ги содржеле овие опасни материи. Козметиката инаку е послабо регулирана од храната и покрај фактот што секојдневно е во близок контакт со човечкото тело.

Оралниот секс на млада возраст е поврзан со поголем ризик

Возраста на која почнувате да имате орален секс и бројот на сексуални партнери што сте ги имале може да го зголемат ризикот од развој на рак поврзан со сексуално преносливите болести, покажало ново истражување. Хуман папилома вирусот (ХПВ) е водечка причина за рак на усната шуплина и на грлото, а истражување објавено оваа година во списанието Cancer покажало дека лицата кои имале орален секс на помлада возраст и имале повеќе сексуални партнери биле изложени на поголем ризик за развој на овие два рак во споредба со лицата кои орален секс почнале да практикувааѕ подоцна во животот и имале помалку партнери.

Пестицидите можат да имаат генерациско влијание

Жените чии родители биле изложени на токсични пестициди имаат поголем ризик од развој на рак на дојка, покажало истражување спроведено оваа година на Универзитетот во Калифорнија. ДДТ (или дихлор-дифенил-трихлороетан) е хемикалија која е забранета за употреба уште во 1972 година поради ризикот за човечкото здравје и штетноста за животната средина, но децении подоцна научниците откриле дека овој ризик се пренесува низ генерациите. Потомството на жени кои биле бремени во период кога ДДТ бил популарен, имале два до три пати поголем ризик од дебелина. Жените во 20-тите и 30-тите чии баби биле изложени на ДДТ имале поголем ризик од рана менарха (прво менструално крварење), приближно на 11-годишна возраст, а раната менарха е ризик фактор за разни болести подоцна во животот, како што се рак на дојката, дијабетес и хипертензијата.

Паразити од контаминирано месо и вода

Консумирањето сурово или недоволно термички обработено месо може да биде поврзано со зголемен ризик од развој на ретка форма на рак на мозокот преку инфекција со паразити. Научниците од Американското здружение за рак откриле дека токсоплазма гонди (Toxoplasma gondii), едноклеточен паразит присутен во контаминираното месо и вода, е поврзан со многу агресивна форма на рак на мозокот, познат како глиом. Глиомите сочинуваат 80 отсто од сите малигни тумори на мозокот.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Речиси 1.000 домови уништени во пожарот во Колорадо

Следно

102 санкционирани возачи во Скопје, 39 под дејство на алкохол

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian