Од почетокот на пандемијата во светот регистрирани 290 милиони случаи на ковид

1 min read

На почетокот на третата година од пандемијата на коронавирусот, во светот се регистрирани вкупно 289.763.038 случаи на инфекции на ковид-19, а починале 5.458.447 пациенти.

Според Worldometers, 254.254.134 луѓе се опоравиле од последиците од коронавирусот.

Во моментов активни се 30.050.313 случаи на коронавирус, од кои 29.961.377 (99,7 проценти) се пациенти со полесна форма на ковид-19, а 89.080 имаат потешка клиничка слика предизвикана од коронавирус.

Земјите со најголем број на заразени луѓе се САД (повеќе од 55 милиони), Индија (речиси 35 милиони), Бразил (повеќе од 22 милиони), Обединетото Кралство (повеќе од 13 милиони) и Русија (повеќе од 10 милиони).

Најголем број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е забележан и во овие пет земји, а на прво место се САД, а потоа следат Индија, Бразил, Велика Британија и Русија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кевин Спејси се забавува во Загреб со хитовите на Северина

Следно

„Гласен Текстилец”: Ги повикуваме работниците да пријавуваат доколку не им е исплатено К-15

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian