Останаа уште 11 дена до почетокот на Европското првенство во кое ќе настапи и најдобрата македонска репрезентација.
Играчите предводени од селекторот Кирил Лазаров во Скопје го започнаа вториот дел од подготовките во кои ќе одиграат и два контролни мечеви против Израел пред заминувањето за унгарскиот Дебрецин.
Во националниот состав повторно е Филип Миркуловски кој ќе се обиде со своето искуство да помогне во текот на натпреварите на ЕП.
– Влеговме во последната фаза од подготовките, веќе работиме на деталите во нападот и во одбраната, имаме два пријателски натпревари со Израел во понеделник и вторник. На тие контролни дуели ќе пробаме да ја играме нашата игра, тоа што сме го сработиле на тренингот.
Нема толку многу да размислуваме на нив (Израелците), туку ќе се подготвуваме како да играме против Словенија, Црна Гора, итн.. Тука сме сите за да одработиме како што треба во подготовките. Да бидеме здрави, тоа е во преден план, ја знаеме ситуацијата со ковид, тоа ќе биде првенствено, а за понатаму ќе видиме.
Од денеска веќе го анализираме нашиот прв ривал на ЕП, Словенија. Нема уште многу време, ќе ги анализираме и Црногорците и Данците – вели Миркуловски.
Европско првенство 2022
Група „А“ – Дебрецин (Унгарија)
Македонија – Словенија (13 јануари 2022) 18.00 часот
Македонија – Црна Гора (15 јануари 2022) 18.00 часот
Македонија – Данска (17 јануари 2022) 20.30 часот