Кралицата Елизабета го одликува Даниел Крег, но и здравствени работници и спортисти

2 mins read

Даниел Крег беше одликуван со Орден на Св. Мајкл и Св. Џорџ (CMG). Улогата на Џејмс Бонд ја напушти по пет филмови во кои го играше познатиот британски агент, со неодамна објавениот филм „Нема време за умирање“. Кралицата Елизабета Втора му оддаде почест на Крег како признание за неговиот исклучителен придонес во филмот.

Кралицата, исто така, им оддаде признание и на здравствените работници, спортистите и на Тони Блер.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што служеа со мене, во политиката, во јавниот сектор и во сите делови од нашето општество, за нивната посветеност на нашата земја“, рекол Блер.

Лидерите на јавното здравје во Англија, Шкотска и Велс – Крис Вити, Грегор Смит и Френк Атертон – се одликувани за витези, а почестите им припаднаа на оние кои се вклучени во производството на вакцините.

Витез стана и велосипедистот Џејсон Кени, освојувач на седмиот златен медал на Олимписките игри во Токио. Неговата сопруга Лора Кени, најуспешната британска олимпијка, првата којашто освоила злато на три последователни Олимписки игри, е прогласена за дама.

Почести добија вкупно 78 олимпијци и параолимпијци.

Со орденот на Британската империја е одликувана и Ема Радукану, тенисерката која го изненади светот со тоа што стана првата квалификантка која го освои Грен слем турнирот – УС Опен.

Почесниот автор Берни Топин, најпознат по неговата соработка со Елтон Џон, исто така доби почести, вклучително и верзијата на песната „Candle in the Wind“, која Џон ја пеел на погребот на принцезата Дијана.

Новогодишните одличја датираат од владеењето на кралицата Викторија во 19 век, а им се доделуваат не само на познати личности, туку и на оние кои придонеле за државата.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Проблеми и за ПСЖ, Лео Меси позитивен на коронавирус

Следно

Кличко и се приклучи на војската во воените вежби

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian