Кинез по 30 години од киднапирањето се сретна со неговата мајка, начинот на кој ја нашол е неверојатен

1 min read

Кинез, кој бил киднапиран во 1989 година, повторно се соединил со својата биолошка мајка, откако од сеќавање нацртал карта на неговото детско село, пишува Би-Би-Си.

Ли Џингвеи имал само четири години кога го намамиле од својот дом и го продале во синџир за трговија со деца.

На 24 декември 2021 година тој објави рачно нацртана мапа на апликацијата за споделување видеа, Douyin, која полицијата ја совпадна со мало село и жена чиј син исчезнал, а по ДНК тестовите тие беа повторно обединети во провинцијата Јунан во саботата.

 

Во 2015 година, се проценува дека 20.000 деца биле киднапирани секоја година во Кина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фото: Новогодишната елка во Скопје низ годините

Следно

По што ќе ја памети старата, а што посакува во новата година? Атанасоски: Да го видиме крајот на тунелот наречен ковид-19!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian