Кавани дефинитивно оваа зима нема да го напушти Јунајтед

1 min read

Доста се зборуваше изминатиот период околу иднината на Единсон Кавани (34) кој се поврзуваше со трансфер во редовите на Барселона.

Искусниот уругвајски напаѓач на Манчестер јунајтед сезонава досега има само седум настапи во Премиер лигата со два постигнати голови.

И покрај шпекулациите за негово можно заминување од „Олд Трафорд“, менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник вели дека тој е многу важен играч.

– Кавани дефинитивно нема да си оди во јануари. Зборувавме за Еди, нема да дозволам да си замине, потребен ни е, тој е неверојатен. Му кажам уште од првиот ден, за мене тој е многу важен играч. Тој останува – се зборовите на Рангник.

Стратегот на Јунајтед воедно и натаму верува дека клубот треба да го задржи Дони Ван де Бек.

– Тој треба да остане во клубот до крајот на сезоната. Околу оваа тема со него имав долг разговор минатата недела. Тој напорно тренира, воедно сака да биде стандарден во најдобрата холандска репрезентација – рече Рангник.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ со реакција за изјавата на Кузеска: Со ова покажаа дека се одлепени од реалноста

Следно

Поради птичји грип во Бугарија се убиени 39.000 кокошки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian