Груби тврди дека ВМРО ДПМНЕ е подготвено да гласа за премиер Албанец

1 min read

Првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за Косовапрес изјави дека албански премиер во последните 100 дена од владата ќе има бидејќи како што вели за тоа има јавен договор, пренесе ТВ 21.

Тој рече и дека ниту една албанска политичка партија нема да има храброст да не гласа за албански кандидат, додавајќи дека и ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го прифати овој договор.

– Тие се обврзаа јавно и не верувам дека која било албанска политичка партија, би имала храброст да не гласа за кандидат Албанец прв пат да биде избран за премиер во нашето Собрание со гласови во Собранието. Значи, не гледам посебен предизвик ниту за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и тие се подготвени да гласаат за премиер Албанец во оваа држава, особено во последните 100 дена од оваа влада. Оваа иницијатива е повеќе од симболична, да беше само еден ден ќе беше симболична, но 100 дена не се малку пред избори, секако има уште 60 дена по изборите до изборот на новата влада – порача Груби.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Твитер трајно и го укина профилот на американската конгресменка поради ширење дезинформации за коронавирусот

Следно

ФОТО | Неодамна се појавија гласини дека е родена како маж: Како изгледала Брижит Макрон кога била млада

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian