Година на апокалипса: Баба Ванѓа со морничави пророштва за 2022, ни следува уште една пандемија?

4 mins read

Јасновитката Баба Ванѓа, односно Ванѓелија Гуштерова, го изгубила видот на 12 години, пишува британски „Сан“.
Тоа е она што ѝ дало „втор поглед“, според оние кои ги следат и толкуваат нејзините предвидувања.

Баба Ванѓа позната како „Нострадамус на Балканот“ почина пред 25 години, но се верувало дека поседува необична способност за предвидување на настаните во иднината.

Се тврди дека таа ја предвидела пандемијата на ковид-19, нападот на 11 септември во 2001 година, смртта на принцезата Дијана и катастрофата во Чернобил.

Но, за други, многу од виралните предвидувања ѝ се погрешно припишани и се чини дека се неосновани.

Сепак, и покрај ова – секоја година луѓето итаат да видат што има да каже „Баба Ванѓа“, при што пребарувањата на Гугл се зголемуваат секој декември и јануари.

Но, пред нејзината смрт на 75-годишна возраст во 1996 година, за неа се тврди дека имала низа предвидувања кои можат да се применат во 2022 година.

Како и многу пророци, како што е Нострадамус, таа предвидува дека 2022 ќе биде „година на апокалипса“, а еве што нејзините следбеници веруваат дека доаѓа:

Инвазија на вонземјани

Ванѓа верува дека човештвото ќе го оствари својот прв контакт со вонземјански форми на живот кои ќе пристигнат во астероиди. Но, вонземјаните нема да дојдат во мир. Зашто „вонземските бродови ќе ја нападнат Земјата и ќе бомбардираат градови и ќе ги заробат луѓето“. Сепак, имајте на ум дека оваа година видовме дека НЛО влегуваат во мејнстримот и сериозно се дебатира во Вашингтон.

Американскиот Конгрес дури усвои значаен нацрт-закон за формирање на нова канцеларија за истражување на теренот за да ги испита средбите со „вонземјаните“.

Исто така, беше сугерирано дека вселенското чудо „Оумуамуа“ кое прелета покрај Земјата во 2018 година може да биде парче вонземјанско вселенско ѓубре, а не само обичен астероид.

Сибирски вирус

Поради затоплувањето на климата, Ванѓа, наводно, рекла дека глечерите во Русија ќе се стопат и ќе се појави вирус кој бил успиен внатре.

Ова потоа ќе се прошири и ќе стане пандемија, убивајќи милиони.

Она што е точно е дека глечерите стари со векови се топат, и тоа брзо, поради климатските промени.

А, во август, откриени се 28 нови вируси за кои се верува дека се стари 15.000 години, кои преживеале во глечерите.

Вирусите, кои се за разлика од оние кои ѝ се познати на науката, се пронајдени во примероци од мраз издупчени од ледената капа Гулија на Тибетската висорамнина, во западна Кина.

Недостаток на вода

Светот, според баба Ванѓа, ќе страда од недостаток на вода за пиење. Чистата вода ќе стане многу баран и скап ресурс.
Научниците во август предупредија дека се соочуваме со криза која се надѕира. Веќе две милијарди луѓе, или околу една четвртина од човечката популација, нема пристап кон безбедна вода за пиење.

Силен глад

Исто така, Баба Ванѓа предвидела глад во Индија, каде што температурите наводно ќе достигнат 50 степени, што ќе предизвика скакулци да ги нападнат земјоделските култури. Земјата ќе биде погодена и од земјотреси и цунами, според предвидувањата на Баба Ванѓа која зборувала за „интензивни поплави“ во Австралија и делови од Азија.

Подоцнежните визии на Баба Ванѓа вклучуваат промена на орбитата на Земјата во 2023 година, астронаути кои патуваат до Венера во 2028 година, муслимани кои владеат со Европа во 2043 година и крај на универзумот во 5079 година. Таа предвидела дека во 2046 година луѓето ќе живеат повеќе од 100 години благодарение на технологијата за трансплантација на органи. Од 2100 година, таа верувала дека ноќта ќе исчезне и дека вештачката сончева светлина ќе осветлува уште еден дел од Земјата.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Миркуловски: Немаме уште многу време, ги анализираме ривалите на Европското првенство

Следно

Објавен трејлер за последната сезона од серијата „Peaky Blinders“ (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian