ФОТОГАЛЕРИЈА | Како нашите познати личности ја дочекаа 2022: Некои во домашен амбиент, некои во ресторан, некои на море…

5 mins read

Поради пандемијата на коронавирусот која трае веќе две години, многу познати Македонци ја дочекаа новата година поскромно од претходните години. Иако новогодишниот дочек лани претежно се одвиваше во домашни услови, сепак, годинава, некои од нив 2022 ја дочекаа во клубови и ресторани.

Нашите познати личности ја испратија 2021 година и преку фотографии покажаа што посакуваат за себе, за своите блиски и за обожавателите во 2022.

Едно од најпознатите ТВ-лица Лила Филиповска ја испрати старата и ја дочека новата 2022 година во домашно издание, во друштво на својот мачор Рагнар. Секогаш убава и средена, дури и кога е во домашно издание, Лила им посака на своите следбеници на Инстаграм:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

„Доволно беше турбулентна оваа година на секое поле па затоа вака ќе ја испратам без помпа и фанфари… доста ѝ беше нека си оди!!! Не дека немало и убави моменти и мигови за памтење ама сепак , сепак доста ѝ беше!!! Посакувам Новава да биде сѐ што не беше оваа…! А на вас другари јас и Рагнар (којшто изгледа многу среќно дека го сликам) Ви посакуваме само здравје и маааалку повеќе љубов …Среќна и успешна година.“

Аделина Тахири ја дочека 2022 година во гламурозно издание, посакувајќи им на сите среќна Нова година. Пејачката облечена во црно од глава до пети, во раскошен корсет и палто украсени со циркони, изгледаше холивудски.

Убавата пејачка Викторија Лоба, облечена во елегантен фустан, подготвена за новогодишното славење, на својот инстаграм-профил им порача на своите следбеници:

„2021 ја испраќам со чувство на леснотија и благодарност. 2022 Подготвена сум. Среќни празници драги пријатели! Среќна Нова 2022.

Тамара Тодевска ги воодушеви сите со предновогодишниот стајлинг. Пејачката носеше ултрамодерно палто-фустан во бакарно-златеста боја и високи чизми над колена. Опкружена со црвени лампиони, еден од новогодишните симболи, им посака среќна Нова година на своите следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Поп-пејачката Каролина Гочева објави фотографија-честитка пред дочекот на Новата година. Каролина изненади и воодушеви со новата фризура. Пејачката во домашно издание и во лежерен стајлинг порача:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

„На здравје за остварени соништа и нови надежи“, напиша Каролина.

Калиопи одлучи Новата година да ја дочека на малку поинаков начин – покрај море. Поп-дивата во видеото на Инстаграм порача што посакува во 2022.

„Драги мои, постојат многу начини да ја честитам Новата година, но ова е еден од оние кога си велам – покрај море сум и посакувам слобода каква што ја има морето“, посака, меѓу другото, пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Убавата Елена Ристеска им се придружи на честитките на познатите личности.

„Среќна Нова 2022 година! Најдоброто допрва доаѓа за сите нас…“, порача пејачката.

Актерот Васил Зафирчев испрати убава порака преку својот профил на Инстаграм:

„Грижете се за здравјето на вашето тело. Негувајте убава, чесна и чиста мисла. Само со светлина, убавина и добрина хранете ја вашата душа. Чувајте го мирот во вашето срце пред промените, искушенијата и предизвиците кои со себе ќе ги донесе годината што претстои. И одржувајте го секогаш жив оганот на вашата верба за да ви го осветлува патот до светот и животот кој си го посакувате! Среќна Нова 2022!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Zafirchev (@vasilzafirchev)

Актерката Јелена Јованова ја честиташе Новата 2022 година како Јелена од Драчево која отелотворува во хит-серијата „Преспав“, односно како скопска Рафаела Кара.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сараево денеска четврти најзагаден град во светот

Следно

Кинез киднапиран пред 30 години ја пронашол својата мајка користејќи мапа на село

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian