ФОТО | Опуштени и среќни: Тамара и Тијана со децата и мајка им ја честитаа Новата година

1 min read

Најпопуларните македонски сестри пејачки Тамара и Тијана новогодишните празници ги поминуваат заедно, во кругот на најсаканите.

На инстаграм-профилот на Тијана осамна прекрасна семејна фотографија, на која таа позира заедно со Тамара, со нивната мајка и со нивните деца.

Воедно, со фотографијата на сите им посакаа среќна Нова година.

„Другари, во Новата ви посакувам здравје, радост, среќа, љубов, слобода и мир. На здравје“, напиша Тијана на семејната фотографија.

Тамара и Тијана неретко знаат и заедно да запеат и нивниот перформанс секогаш се претвора во вистинска журка и атмосфера за паметење.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Без две примени дози против ковид, нема влез на Косово, сертификат за примена вакцина се бара и за деца над 12 години

Следно

На 1 јануари 2022 година, Земјата е населена со 7,8 милијарди луѓе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian