Докторот од „Тома“ ги расплака сите! Сопругата на Тома Здравковиќ ја откри вистината за лекарот

1 min read

Македонската публика вчера вечер имаше можност за првпат на телевизија да го погледне филмот „Тома“ за легендата на народната српска музика Тома Здравковиќ, а големо внимание на публиката привлече лекарот Алекса Хаџипоповиќ, кој маестрално го одигра Петар Бенчина.

Она што сите се прашуваат е дали навистина постоел лекарот од филмот „Тома“.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Приказната за доктор Алекса многумина растажи, а емотивниот момент кога Тома ѝ ја пее на неговата сопруга која боледува од рак, познатата песна „За Лиљана“ сите ги расплака!

Сопругата на Тома, Гордана, открила во една прилика сѐ за лекарот чија животна приказна ги растажи сите и истакнала дека тој навистина постоел, но дека сѐ било малку поинаку во филмот.

– Не е вистина дека лекарот не постоеше. Лекарот постоеше и со него одеше неколкупати на патувањата. Тој е доктор од ВМА, Русин. За Тома се грижеа пет лекари во тој момент, некои работи секако се додадени, но вистината постоеше. Тој лекар Русин беше и куќен пријател и секогаш беше покрај Тома и надвор од болницата, кога и да требаше нешто. Во филмот тоа е прикажано малку поразлично, всушност, лекарот беше тој што почина – рекла Гордана во една прилика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Petar Benčina (@petarbencina)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Барса игра „топло-ладно“, но и без 16 играчи славеше против Мајорка

Следно

Бајден му вети на Зеленски одлучен американски одговор на руската инвазија на Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian