Денес сончево и топло со умерена облачност, од наредната недела следат големи промени

1 min read

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста, особено во североисточните делови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 12 до 18 степени.

Во Скопје, сончево со мала, а попладне умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

До вторник ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во среда попладне и во четврток претпладне под влијание на влажен и студен бран ќе има локални врнежи од дожд и снег, засилен северен ветер и значително опаѓање на температурата.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 2 јануари: Одвојте време да го посветите денот на себе

Следно

Речиси 1.000 домови уништени во пожарот во Колорадо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian